Во тек е исплата на вториот дел од образовниот додаток

27.02.2025 15:48 | KumanovoNews

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор  мерен период за учебната 2024/2025 година.

Во тек е исплата на вториот дел од образовниот додаток

„Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година“, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади (МТСП).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk