Во тек е реконструкција на објектите на здравствен дом Крива Паланка, матична служба и амбуланта во село Герман

13.09.2024 14:55 | Жаклина Цветковска

Во јавната здравствена установа Здравствен дом “Проф. д-р Димитар Арсов” Крива Паланка во тек е реализација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) со кој се врши реконструкција на објектите на матична служба и амбуланта во село Герман.

Во тек е реконструкција на објектите на здравствен дом Крива Паланка, матична служба и амбуланта во село Герман

Проектот се имплементира преку Министерство за финансии, во соработка со Министерство за здравство, а истиот е финансиран со средства од Светска Банка. 

„Реконструкцијата се одвива преку имплементација на два засебни проекти, проект во ЈЗУ ЗД Крива Паланка – матична служба и амбуланта Герман. Имплементацијата на овој проект опфаќа: реконструкција на покривот, изолирање на фасадата, замена на прозорци и надворешни врати со нови, промена на системот за греење преку инсталирање нов систем со топлинска пумпа, како и замена на светилките со нови енергетско ефикасни светилки. Досега овој проект е над 50 отсто успешно реализиран, а со неговата целосна имплементација позитивен бенефит ќе имаат сите жители на Општина Крива Паланка, населено место Герман, како и останатие околни населени места, а исто така и вработените, преку подобри услови за работа. Најголем бенефит од проектот ќе имаат корисниците на услугите кој што ги пружа ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка во објектот на матичната служба и амбулантата во населено место Герман“, велат од Здравствен дом Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека за време на реализација на градежните активности службите во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка, како и амбуланта Герман работат нормално, со континуирано пружање адекватни здравствени услуги за пациентите.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk