Забранета за пиење водата во кривопаланечките села Луќе и Добровница

21.04.2021 10:41 | KumanovoNews

 Водата во селата Луќе и Добровница, кривопаланечко, е забранета за пиење, бидејќи е утврдено дека не е безбедна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланка, до општината се пристигнати извештаи од спроведено тестирање и анализа, кои покажуваат дека водата од локалните водоводи и јавните чешми, во однос на физичко-хемиската анализа, не одговара на законските прописи за здравствена безбедност.

Забранета за пиење водата во кривопаланечките села Луќе и Добровница

Според лабараториските наоди, водата за пиење и користење од локалниот водоводот во селото Добровница и јавната чешма кај амбулантата, не е безбедна за пиење, заради зголемено присуство на калиум перманганат. Во селото Луќе, пак, кај водата од локалниот водовод и јавната чешма пред училиштето пронајдено е зголемено присуство на колиформни бактерии.

Потребно е да се изврши дезинфекција и кондиционирање на водата од надлежен орган за да може овие водни ресурси повторно да се користат.

На месното население од овие рурални населени места им е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот.

Претставниците на Месните заедници на Добровница и Луќе имаат обврска веднаш да го известат месното население за состојбата, како и да стапат во контакт со Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, со цел на преземање мерки за отсранување на недостатоците.

(Ж.Ц.)

(Фото: архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk