Жаклина Јовановска избрана за претседател на Советот на градоначалници на Североисточниот регион

10.12.2021 16:17 | Сузана Николиќ

Градоначалниците од Североисточниот регион денеска едногласно за нов претседател на Советот на градоначалници ја избраа Жаклина Јовановска, градоначалничка на општина Старо Нагоричане. 

Жаклина Јовановска избрана за претседател на Советот на градоначалници на Североисточниот регион

Новата претседателка вети дека заедно со своите колеги во наредниот период ќе носат работи на унапредување и развој на регионот, кој е насиромашен во државата.

„Имам одлична комуникација со сите колеги од соседните општини, иако сме од различни партии и граѓански иницијативи, поради тоа се надевам дека ни престои успешна соработка, заради промоција на регионот и обезбедување на што повеќе проекти во интерес на граѓаните“, кажа Јовановска.

Во Советот членуваат градоначалниците на Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово, Ранковце.

Одлуките на Советот на градоначалници ги спороведува Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk