Започна 37-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“

22.06.2023 09:21 | Жаклина Цветковска

Започна 37-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“ , која традиционално се одржува во Осоговскиот манастир кај Крива Паланка.

Започна 37-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“

На годинешната ликовна работилница учествуваат 12 уметници од странство и од нашата држава,  кои ќе создаваат уметнички дела по слободен тематски израз, инспирирани од и сакралното богатство и прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс.

Учесници на 37-та колонија се: Дина Барингер од Швајцарија, Тања Ѓурова и Иво Јорданов од Бугарија, Катаржина Ортвеин од Полска, Ѓонул Нухоглу од Турција, Мојца Фо од Словенија и Јана Манева Чупоска, Владимир Темков, Стефан Хаџи Николов, Мирослава Трујкановиќ,Валентина Илијевска и Дејан Иванов-Маргуш од Македонија.

Создадените ликовни дела од еднонеделната работилница ќе бидат поставени на изложба која ќе биде отворена на 26 јуни во манастирската галерија , со почеток во 19, 30 часот.

Осоговската колонија е една од најстарите  ликовни манифестации во земјата, а се реализира во рамките на Кривопаланечкото културно лето, со поддршка од Националаната пограма за 2023 година на Минисерството за култруа, Општина Крива Паланка и МПЦ-ОА.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk