ЛУЃЕТО ДЕЛАТА ГИ КРАСАТ
Рускиот инженер ВЛАДИМИР АПОЛОНОВИЧ АНТОНОВ (1882-1946 година)
Рускиот инженер ВЛАДИМИР АПОЛОНОВИЧ АНТОНОВ (1882-1946 година)
Дури кога по одредена историска дистанца ќе се обидете да ги издефинирате вредностите, во нашиот случај за нај кумановци на 20 век, ќе видите дека вредностите и делата сепак лесно се препознаваат
Сe до 1996 година, Куманово немаше квалитетна монографска публикација. Првата и единствената датираше дури од 1909 година кога за Куманово и Кумановскиот крај мошне солидна и квалитетна публикација напиша д-р Јован Хаџи Васиљевиќ „Јужна стара Србија, историски, етнографски и политички истражувања - КУМАНОВСКА ОБЛАСТ“.
Сто и кусур години непречено сме се пребројувале и оставиле записи за состојбите
„Жолтата Куќа“ на улицата Ленинова бр. 34 е всушност некогашниот хотел „Гранд“.
Овој текст ќе биде во функција на откривање на една личност, денес посебно актуелна меѓу граѓаните на Куманово. Уште повеќе што на Градскиот плоштад пред повеќе години “никна” неговиот споменик.
За нештата во информирањето ако работите беа поинакви (Телевизија Куманиово како повод-исечоци од времињата изминати)
Прв пат, по 85 години списанието „Корени“ ја објави пиесата „Ленче Кумановче“ на кумановски говор
На две места во Куманово виреат дивите костени.Во близина на Соколана и кај Монополот.Велат, речиси на идентична надморска висина… Тука се најекспонирани,а проретчени,егзистираат и на работ во болничкиот парк.И толку.Кога се насадени,кој ги насадил и колку лета изживееја не е познато.
Речиси по шеесетина години во еден мал сегмент од градскиот плоштад во Куманово, кој изникна некаде на почетокот на шеесетите години од минатпото столетие на местото на старата кумановска чаршија, се вратија познатите “Четири бандере”.
За кумановската фотографија, во локални рамки, многу малку се е пишувало. Освен неколкуте пригодни текста на Миодраг Арсовски-Болто, Петар Трајковски во книгата за Георги Малински и на Роберт Јанкуловски вопубликацијата "Фотографијата и филмот на почвата на Македонија", постојаните презентирања на разни фотографии за Куманово во разнимонографските публикации, повеќе за жал не е сторено, во научна смисла на зборот.
За последните триесетина години не успеaвме да заштититиме и сочуваме автентично ниту едно амбиентално здание иако комплексот од општинската зграда до Занаетчискиот дом чини една извонредна целина, која би ја посакал секој град
Занаетчискиот дом во Куманово е сигурно еден од најубавите и најрепрезентативните објекти на градот, кумановската "Нотр Дам", препознатлив белег на градот и сигурно најинспиративното архитектонско здание на рускиот инженер Владимир Антонов
Куманово се разликува од останатите градови во земјата не само по јазикот, туку и по карактерните белези на кумановецот, неговиот менталитет, културата и наследството што се напластувало низ вековите.
За првите луѓе на Куманово многупати сме констатирале дека по заминување од функцијата остануваат во колективната меморија на Куманово и на граѓаните најчесто по нивните дела, а не толку по политичката ориентација, по тоа дали биле добри или лоши, блиски до народот или скриени во своите кабинети...
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса