„11 Октомври“ на државен натпревар во футсал

11.02.2014 09:30 | KumanovoNews

Екипа од основното училиште “11 Октомври“ во април во Скопје ќе учествува на државен натпревар во футсал.

„11 Октомври“ на државен натпревар во футсал

Учеството на државниот турнир го обезбедија откако освоеа први места на општинско, зонско и регионално ниво. На општинските натпревари ги победија основните училишта “Толи Зордумис“, “Браќа Миладиновци“ и “Магдалена Антова“. На зонското натпреварување ги победија ОУ “Гоце Делечв“ од Свети Николе и ОУ “Никола Карев“ од Пробиштип.

На регионалниот натпревар во Кочани учениците од „11 Октомври“ ја победија екипата од ОУ “Ванчо Прке“ од Делчево.

Спортскиот тим во футсал во “11 Октомври„ постои повеќе години, а со младите спортски таленти работи професорот Зоран Митрички.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk