“2001 Куманово“ го игра првиот натпревар во Љубанци

20.08.2013 08:30 | KumanovoNews

 На турнирот во мал фудбал во Љубанци вечерва во 20 часот екипата на Здружението на бранители “2001 Куманово“ ќе ги одмери силите со локалната екипа “Македонија 1987“.

“2001 Куманово“ го игра првиот натпревар во Љубанци

Се подготвуваме за да го оправдаме имиџот на здружението. Од Куманово за учество се пријавија повеќе екипи, но ние први ќе настапиме на Меморијалниот турнир. Во недела бевме на ревијалното отварање на кое играа сениори од “Вардар“ и екипа од пратеници, претставници од министерства и градоначалници, но  членовите на “Вардар“ победија - вели Предраг Петрушевски, претседател на “2001 Куманово“.

За учество на турнирот се пријавиле над 60 екипи, а парите собрани од овој спортски настан ќе бидат донирани за децата на загинатите бранители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk