АБА лига: Комплетирано 25.коло

18.03.2013 09:44 | KumanovoNews

Кошаркарите на Игокеа со синоќешниот триумф над Крка го обезбедија првото место во регионалната АБА лига. Тоа беше последниот натпревар од 25.коло: Игокеа - Крка 84:75.

АБА лига: Комплетирано 25.коло

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во оваа рунда го совлада Партизан со 66:64 и со овој триумф си ги задржа шансите за обезбедување на место кое носи учествува во евро-куповите.

Постигнати резултати на другите пет средби: Олимпија – Широки 82:85 (продолжение), Црвена Звезда – Будуќност 79:63, Солнок – Задар 90:79, Цедевита – Цибона 92:78 и Сплит – Раднички 63:81.

Табела: Игокеа 19-6 (победи-порази), Црвена Звезда 18-7, Раднички 16-9, Будуќност 15-10, Партизан 15-10, Цедевита 14-11, Олимпија 13-12, МЗТ Скопје Аеродром 13-12, Цибона 9-16, Широки 9-16, Крка 9-16, Солнок 9-16, Задар 8-17 и Сплит 8-17.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk