АБА лига размислува за укинување на Фајнал-фор

16.04.2014 10:12 | KumanovoNews

Раководството на АБА лига размислува за укинување на завршниот турнир, како и смалување на бројот на екипи кои играат во регионалното натпреварување.

АБА лига размислува за укинување на Фајнал-фор

Играчите кои не играат фајнал-фор ја завршуваат сезоната, а вака би било покоректно прека клубовите. Размислуваме во тој правец, меѓутоа за тоа треба и клубовите да се сложат, што е долг процес - изјави претставникот на АБА лига Радован Лорбек а пренесува индекс.хр.

Промените се најавени и со цел, да екипите преку плеј-оф имаат еднакви шанси за понатамошен пласман, додека во сегашниот систем на дадена екипа може цела сезона да пропадне во еден натпревар.

Екипата на Партизан е шест пати шампион во оваа натпреварување во последните седум сезон, а во поголем дел од случаите првопласираната екипа во регуларниот дел од сезоната е победник и на завршниот турнир.

Најдобрите четири оваа година ќе играат во Белградска арена од 24. до 27.април, а за шампионскиот прстен ќе се борат Црвена звезда, Цибона, Партизан и Седевита.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk