АБА-лигашко финале во домашното првенство

10.05.2017 14:27 | KumanovoNews

Екипата на Куманово загуби и во третиот натпревар од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 84-64 и ги заврши натпреварите во Плејофот оваа сезона.

АБА-лигашко финале во домашното првенство

Карпош Соколи беше подобар од Работнички и обезбеди прво финале во историјата на клубот.

Куманово даде максимум во оваа серија но неуспеја да направи изненадување во оваа серија против актуелниот шампион. Иако резултатот на полувреме беше во корист на Куманово, МЗТ го доби третиот период убедливо со 26-10 а во четвртата четвртина ја зголеми разликата и го постави конечниот резултат на 84-64. Димитар Караџовски и Миладин Пековиќ постигнаа 13 поени.

Тимот на Карпош Соколи победи во третитот дуел со Работнички и обезбеди прво финале во клубската историја.

Првиот натпревар помеѓу АБА претставниците МЗТ Скопје и Карпош Соколи ќе се игра во недела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk