АБА лигата со промени

02.07.2014 14:42 | KumanovoNews

Јадранската кошаркарска лига има коренити промени во следната сезона.

АБА лигата со промени

Во изминатиот период наместо во фајнал фор ќе се игра плеј оф турнир за борба за титулата.

Оваа промена се јави како резултат на големо незадоволство од квалитетни екипи учесници во лигата кои беа во страв дека целата сезона би можела да пропадне само поради еден пораз во фајнал фор викендот.

Четирите најдобри екипи ќе учествуваат во плеј оф натпреварите кои ќе бидат одиграни во две добиени, додека финалните средби ќе се играат во три победи по систем 2-2-1.

Новата сезона во јадранска лига ќе стартува на 4 октомври а натпреварите ќе бидат објавени на 11 јули.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk