Аце Јакимовски трет на балкански атлетски шампионат

27.09.2012 11:43 | KumanovoNews

 Аце Јакимовски од Куманово, викендов на Балканското првенство во алетика во Измир, Турција, освои трето место во категорија ветерани на трка од 10 км.

Аце Јакимовски трет на балкански атлетски шампионат

Имаше јака конкуренција и на мојот успех се радуваа и спортистите од бившите југословенски републики. На 5 км бев 5-ти од 14 натпреварувачи, а бронза земав на трка од 10 км за која се бореа 16 атлетичари. Настапував под уставното име со дрес на кој пишуваше Македонија. Ова беше 22 првенство по ред. Активно со атлетика се занимавам последниве три години, бидејќи сакам да бидам пример на младите. Конкретно за ова првенство се подготвував од Нова година - рече Јакимовски.

Тој е воено лице во пензија и посебно се заблагодарува на тренерот Филип Колевски, на атлетскиот клуб “Скок“, на Здружение на пензионери Куманово кои му дале огромна морална поддршка и на семејството кои финансиски му помогна за првенството во Измир.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk