Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
30 дена пред започнувањето на новата НБА сезона, никој од 30. клуба не е заинтересиран во составот да го земе Ален Ајверсон, па најверојатно тој следната сезона ќе ја продолжи надвор од американскиот континент.
После Стефон Марбери, најавено беше и неговото заминување во Кинеската лига, но последните информации говорат дека следната сезона може да се приклучи на турскиот тим. Сопственикот на Бешикташ Јилдерим Демимире, добил одговор од агентот на Ајверсон дека поранешната НБА ѕвезда би се согласила да игра за 2 милиони долари по сезона, додека на кинеските клубови им било побарано двојно повеќе.
Останува уште официјална потврда каде Ајверсон ќе ја продолжи својата кариера.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk