АК Куманово со 5 медали на последното државно првенство

02.03.2017 10:33 | KumanovoNews

На одржаното Државно првенство во фрлачки дисциплини, членовите на Атлетскиот клуб Куманово се закитија со вкупно 5 медали, а радува фактот што успехот кај некои од нив се повторува во континуитет.

АК Куманово со 5 медали на последното државно првенство

Во машка конкуренција Марјан Нојковски освои прво место во фрлање на ѓуле и фрлање на диск. Во женска конкуренција Матеја Ефремовска освои прво место во сите дисциплини во кои настапи, и тоа фрлање на диск, фрлање на копје и фрлање на ѓуле.

Со медали се закитија и младинските членови на клубот, кои настапија во категоријата до 16 години, до 18 години и до 20 години, со што допринесоа АК Куманово да бидне клуб со убедливо најголем број освоени медали на последното првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk