Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на Атлетската федерација на Македонија на 6. март се одржа зимско првенство во фрлачки дисциплини во Охрид каде учествуваа атлетичарите на Атлетскиот клуб Скок и освоија вкупно 10 медали.
На првенството се одржаа следниве дисциплини - фрлање ѓуле, копје, диск и кладиво и во машка и во женска конкуренција и тоа во три возрасни категории: помлади од 17 години (помлади младинци), од 17 до 19 години (младинци) и сениори (постари од 19 години).
Најголемиот успех го постигна Гоце Димковски со освојување на 1 место во фрлање диск во сениорска конкуренција со што стана државен првак и член на македонската сениорска репрезентација.
Покрај него со златни медали се закитија Дарко Гирев - 1 место во фрлање ѓуле во категорија младинци и Матеја Ефремовска - 1 место во фрлање ѓуле (помлади младинки). Ако го потврдат овој пласман на следното државно првенство тие ќе влезат во младинската репрезентација.
Во неизвесен натпревар Марјан Нојковски освои 2 место во фрлање ѓуле (сениори) и Никола Митковски - 2 место во фрлање копје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk