Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членот на тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово, Алексеј Стојановски, уште еднаш ги потврди своите квалитети, триумфирајќи на Отвореното првенство во тенис за јуниори и јуниорки до 16 години, кое се одржа во Скопје.
Алексеј (прв од лево) беше подобар во финалето од неговиот противник Стефан.
Стојановски го освои пехарот откако беше најуспешен во силна конкуренција.
Во финалето тој беше подобар од Стефан Дебрешлиоски од ТК „ТАА“ од Скопје, совладувајќи го со 2-0 во сетови (6:3, 6:3).
Турнирот се одржа од 17 до 19 февруари, со учество на повеќе од дваесет натпреварувачи од земјава.
Организатор и домаќин на првенството беше тенискиот клуб „Мондано“ од Скопје.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk