Алексеј Стојановски освои трето место на јуниорско тениско првенство во Скопје

19.12.2023 13:06 | Бошко Тасиќ

Алексеј Стојановски од Тенискиот клуб "Тумба" од Куманово освои третото место на Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниорки до 14.години, кое викендов се одржа на тениските терени на тенискиот клуб "Поинтер" од Скопје.

Алексеј Стојановски освои трето место на јуниорско тениско првенство во Скопје

„Како клуб уште еднаш упатуваме честитка до нашиот член за одличниот настап и добар резултат со желба и надеж во иднина да се радуваме на уште подобри и поголеми резултати“, велат од клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk