Алексеј Стојановски победи на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори

09.10.2024 12:51 | KumanovoNews

Алексеј Стојановски од Куманово, член на на Тенискиот клуб "Тумба" е победник во машка конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори до 14 години, кој викендов се одржа во Куманово.

Алексеј Стојановски победи на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори

Тој во финалето го победи Андреј Темов  од ТК МТП  од Скопје.  Кај девојчињата најдобра беше Деа Крстевска од ТК Битола, која во финалето беше подобра од Надица Блажевска од ТК Црна Река од Кавадарци.

Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори до 14 години во машка конкуренција и женска конкуренција го организираше ТК "Тумба" од Куманово на тениските терени кај спортската сала во Куманово. Организаторите велат дека турнирот поминал во одлична фер и коректна атмосфера.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk