Американците го освојиа златото

12.09.2010 21:15 | KumanovoNews

Кошаркарите на САД го освојиа Светското првенство во Турција и по 16 години го вратија златниот медал во својата земја.

Американците го освојиа златото

 Американците во финалето без проблем ја совладаа домашната Турска репрезентација со резултат 81:64.

Најефикасен на тернот беше Дурант со 28 поени, Одом 15 поени и Вестрбук 13 поени. На спротивната страна само Туркоглу имаше двоцифрен учинок со 16 поени. По се што се случуваше на светското првенство Американците потполно заслужено го освојиа златото. Втори се домаќините Турција, трета Литванија, а фаворитот на кумановци  репрезентацијата на Србија заврши на четвртото место.


 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk