Американските спринтерки го урнаа светскиот рекорд

11.08.2012 08:48 | KumanovoNews

Женската штафета на САД, го постави вториот светски рекорд на натпреварите во атлетика, на Олимписките игри во Лондон. Синоќа (10.09.) беа постигнати еден светски и два олимписки рекорда.

Американските спринтерки го урнаа светскиот рекорд

Највредниот резултат синоќа го постигна американската женска штафета во трката на 4 х 100 метри, која до златниот медал стигна со време на нов светски рекорд – 40.82 секунди.На второто место се пласира штафетата на Јамајка , а трета беше Украина. Олимписките рекорди беа поставени во техничките дисциплини.

Во фрлање кладиво Татјана Лисенко од Русија фрли далечина – 78.18 метри што и‘ донесе златен медал, пред Анита Влодарчик од Полска и Германката Бети Хедлер.

Во скок со стап кај мажите Французинот Рено Лавиление во вториот обид прескокна 5.97 метри - нов олимписки рекорд и резултат за златен олимписки медал, пред двајцата Германци Бјорн Ото кој освои сребро, а Рафаел Холцдепе бронза.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk