Андреј Стојановски ќе учествува на меѓународен ММА натпревар во Горњи Милановац

15.03.2021 15:56 | KumanovoNews

Андреј Стојановски (21) ММА борец од Куманово, во сабота на 20 март ќе учествува на Меѓународен натпревар за ММА вештини во Горњи Милановац, Р. Србија.

Андреј Стојановски ќе учествува на меѓународен ММА натпревар во Горњи Милановац

 Противник ќе му биде Миљан Здравковиќ, од клубот „Секутор“, кој важи за еден од подобрите ММА клубови во Србија.

Андреј се занимава со спорт од 2015 година, а една година подоцна е дел од тимот на „Стронгест ММА – Куманово“ каде ги постигнува првите успеси.

Тој 4 пати е прогласен за државен првак во бразилска Џиу Џица, аматерски државен шампион во ММА со 4 борби без пораз и 2 борби во бокс.

Досега има учествувано на повеќе меѓународни натпревари во Србија, од кои една победа на меѓународен натпревар во ММА бо Бујановец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk