Андреј Васевски ќе учествува на Пингпонг турнир за најдобри кадети во Крушево

18.06.2021 08:51 | KumanovoNews

 Младиот и надежен пингпонгар Андреј Васевски, член на ППК „Куманово“, предводен од својот тренер Мики Трендафиловски, овој викенд ќе учествува на Топ 8 - турнир на осумте најдобри кадети од државата што ќе се одржи во Крушево.

Андреј Васевски ќе учествува на Пингпонг турнир за најдобри кадети во Крушево

„Не очекува напорен турнир каде за еден ден треба да одиграме седум натпревари. Заморот полека го прави своето, бидејќи во последните неколку недели учествувавме на четири државни првенства играјќи сабота недела, но што е тука е. Задоволен су од постигнатите резултати на моите играчи, сигурно дека можевме и повеќе, но пандемијата си го направи своето. Од Андреј очекувам да го даде својот максимум и да го поправиме рејтингот“, истакна тренерот на ППК „Куманово“ Мики Трендафиловски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk