Златен медал за Андреј Васевски на пинпонгарски турнир во Кратово

26.02.2024 12:33 | Стефан Николиќ

 Андреј Васевски од Пинг-понг клуб "Куманово" освои прво емсто и златен медал на  Традиционалниот турнир во пинг-понг, кој  викендов се одржа во Кратово, во чест на патрониот празник, 24 февруари "Св. Ѓорѓи Кратовски".

Златен медал за Андреј Васевски на пинпонгарски турнир во Кратово

Во конкуренција на 32 пингпонгари - сениори од државата, Андреј Васевски кој се уште е јуниор покажал извонредни резултати и се закитил со медала.

„Мојот ученик ги испочитува сите тактички упатство и одигра одлично на овој турнир, и со седум победи и само еден изгубен сет го освои првото место. Оваа е добар почеток на пролетниот дел од сезоната 2023/24, каде не очекува возбудлив и напорен пролетен дел од сезоната каде треба да одиграме шест кола од Втора лига, каде сме на второ место со ист број на бодови со првопласираната екипа, како и седум кола од Државната јуниорска лига“, истакна тренерот на ППК "Куманово" Мики Трендафиловски. 
 
Тој додава дека поради ограничени финансиски средства не ќе можат да реализираат половина од предвидените натпреварувања во текот на годината.

На турнирот во Кратово настапија и кадетите Јаков Јакимовски и Јаков Кузмановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk