Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првиот македонец во НБА лигата, кој имаше прекрасна сезона во Атланта Хокс, Перо Антиќ се најде помеѓу најдобрите дебитанти за сезоната 2013/14.
По гласањето на 125 телевизиски коментатори и новинари на медиуми во Сад, Антиќ на позиција 12 се најде со вкупно 62 поени.
Му недостасуваа само три поени да се најде во втората најдобра петорка.
Антиќ оваа сезина во НБА одигра 50 натпревари со просек од седум поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции за нешто повеќе од 18 минути игра, а неговата улога во одбраната на Хокси беше огромна.
Во првата најдобра петорка на дебитанти се најдоа Мајкл Картер Вилијамс од Филаделфија, Виктор Оладипо од Орландо, Треј Бурк од Јута, Мејсон Пламли од Бруклин и Тим Хардавеј јуниор од Њујорк.
Втората петорка на дебитанти ја сочинуваат Кели Олиник од Бостон, Јанис Антетокумпо од Милвоки, Диенг од Минесота, Коди Зелер од Шарлот и Стивен Адамс од Оклахома.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk