Антиќ немоќен против Барселона, Мекејлеб поразен од Макаби

08.03.2013 10:32 | KumanovoNews

Екипите на Олимпијакос во чии редови настапува Перо Антиќ и Фенербахче на Лестер Бо Мекејлеб прерпеа пораз  од 10.коло во Топ 16 фазата во Евролигата.

Антиќ немоќен против Барселона, Мекејлеб поразен од Макаби

Олимпијакос и Антиќ на домашен терен во Атина  загубија од европскиот шампион Барселона со 90:77. Антиќ за 13 минути на паркетот постигна 7 поени.

Во Истанбул, Фенербахче загуби од Макаби, а Мекејлеб за 36 минути имаше ефект - 12 поени, 9 скокови и 3 асистенции.

Резултати на натпреварите од 10.коло: Олимпијакос - Барселона 77:90, Фенербахче - Макаби 85:94, Жалгирис - Реал Мадрид 104:105 (продолжение), Алба Берлин - Ефес 86:91 и Бросе Баскет - ЦСКА Москва 58:78.

Денеска на програмата се натпреварите: Химки - Монтепаски, Бешикташ - Каха Лаборал и Уникаха - Панатинаикос.

Табела Е група: Реал Мадрид 9-1 (победи-порази), Ефес 8-2, ЦСКА 7-3, Панатинаикос 6-3, Уникаха 4-5, Жалгирис 4-6, Алба 1-9, Бросе Баскет 0-10.

Табела Ф група: Барселона 9-1, Монтепаски 7-2, Олимпијакос 6-4, Химки 5-4, Макаби 5-5, Каха Лаборал 4-5, Фенербахче 2-8, Бешикташ 0-9.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk