Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одкако многу стручњаци оваа сезона го одфрлија Арсенал од конкуренција за титулата, сега тоа го призна и Арсен Венгер.
Францускиот стручњак призна дека Арсенал мора за оваа сезона да си постави други цели.
Мислам дека во овој момент мораме да си поставиме реална цел и да се обидеме да фатиме приклучок со екипите кои се борат за влез во Лигата на шампионите. Нема да биде реално доколку сега кажете дека можеме да ја освоиме титулата. Имаме 12 поени помалку од Сити и Јунајтед и мораме да се бориме за да се искачиме повисоко на табелата. Тоа е реалноста - изјави Арсен Венгер по поразот од Тотенхем.
Французинот го критикуваше и главниот судија на средбата поради недосуденото играње со рака на Рафаел ван дер Варт при постигнувањето на првиот гол, како и за несанкционирањето на прославувањето на тој на Холанѓанецот, што ќе значеше втор жолт картон за него.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk