Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерите на лондонски Арсенал ќе имаат шанса по петгодишен голем пост конечно да се засладат со еден трофеј, откако синоќа го обезбедија финалето во Карлинг купот на Англија
Арсенал очекувано ја надомести негативата во дуелот со Ипсвич од пред две недели од „Портман роуд“, па на „Емирати“ со 3-0 им овозможија славје на своите навивачи. Арсенал од сасмиот старт тргна во напад, но гостите одолеваа цело полувреме на нападите.
Никлас Бентнер во 61 минута ја неутрализираше негативата, а само три минути подоцна дефанзивецот Лоран Коншелни со глава го матираше гостинскиот голман за да го дуплира водството. Точка стави капитенот и лидер на тимот Цеск Фабрегас со гол по контрата со Андреј Аршавин, по што и гол во мрежата на Арсенал не им беше доволен на фудбалерите на Ипсвич во завршните 13 минути по примениот трет гол.
Ипсвич не беше без шанси, двапати ја погодувапе пречката, а веројатно поинаква приказна ќе беше ако Меколи во 11 минута ја погодеше мрежата на „топчиите“. Вториот пат Норис истото го повтори во 82 минута, но Арсенал тогаш имаше комотни 3-0.Арсенал за првиот трофеј ќе се бори со победникот од второто полуфинале Бирмингем – Вест Хем, во кое „чеканите“ од Лондон одат на гостувањето со предноста од домашен терен со 2-1. Финалето традиционално се игра на „Вембли“. (кирилица)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk