Атлетичари од “Куманово“ ќе се натпреваруваат во Азербејџан

17.06.2015 12:28 | KumanovoNews

Атлетичари од атлетски клуб “Куманово“ ќе се натпреваруваат на Европските игри Баку 2015 во Азербејџан.

Атлетичари од “Куманово“ ќе се натпреваруваат во Азербејџан

Дрита Ислами  ќе трча на 400 м со пречки, Матеја Ефремовска ќе се натпреварува во фрлање копје и кладиво и Марјан Нојковски во фрлање на ѓуле.

„Очекувам да нашите атлетичари достојно ја претставуваат нашата Општина и Република Македонија давајќи го својот максимум во остварување на позитивни резултати, подобрувајќи ги своите сопствени рекорди“- изјави Бранко Колевски, претседател на “Куманово“.

Нашите атлетичари ќе се вратат од Баку на 24 овој месец.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk