Бајрам Мамутовски се пласираше во финалето на Балканското првенство во бокс во Романија

25.10.2023 10:03 | Сузана Николиќ

 Кумановецот Бајрам Мамутовски, репрезентативец и боксер на БК „Куманово 84“ ќе се бори во финалето на Балканското првенство во Романија, откако во полуфинале го победи противникот Плинга Лон од Молдавија со резултат 5:0.

Бајрам Мамутовски се пласираше во финалето на Балканското првенство во бокс во Романија

„Ја поминавме првата пречка, сега не чека натпреварот со домаќинот од Романија. Подготвени сме за победа. Мамутовски е фаворит, како во однос на играта што ја покажа досега, така и по физичките предиспозиции и техниката на боксување.  Секојдневно тренира и подготвен е за финалната борба, и ако биде се како што треба се надевам дека во Куманово ќе се вратиме со златен медал. После толку години еден млад боксер учествува на Балканското првенство и ги брани боите на Куманово и Македонија“, изјави тренерот Самет Салиевски.

Седумнаесет годишниот Мамутовски е исклучително талентирано момче, и неговиот тренер му предвидува блескава кариера и успех, како што го имаа некогашните кумановски боксери на меѓународните натпреварувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk