Бал Фор Лаиф и оваа година учествуваат на кампот „Кросoвер“

23.06.2015 23:50 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Бал фор Лаиф веќе пристигна во Крагуевац каде што ќе биде дел од првата смена на кошаркарскот камп „Кросовер“.

Бал Фор Лаиф и оваа година учествуваат на кампот „Кросoвер“

Тимот од Куманово е главен претставник на кампот каде што учествува втора година по ред. Кампот е во организација на познатиот стратег Бане Зечевиќ, а во координација со Ненад Труниќ кој е ФИБА инструктор и НБА скаут на Сакраменто Кингс.

Минатата година имавме феноменално искуство со Кросовер кампот кој и оваа година се организира традиционално во Крагујевац, каде што и годинава нашата академија Бал Фор Лаиф е главен претставник од Македонија со уште неколку школи од Куманово. Јас како тренер можам да кажам дека минатата година изградивме некои нови искуства во поглед на тренинзите и тренирањето кои што се на високо ниво и кои ги пренесуваме на нашите членови на академијата - изјави Никола Јовановски, тренер во клубот.

Минатогодишното искуство покажало дека кампот не е само тренирање туку и дружење со врсниците од целиот Балкан и пошироко и посетување на многу културни места кои што Крагујевац како град може да ги прикаже на посетителите во најдобро светло, како и посета на најголемиот Аква Парк во Србија.

Ние присуствуваме во првата смена на овој камп, додека останатите смени се од 02.07 до 11.07, третата смена е од 12.07 до 21.07 и четвртата е од 22.07 до 31.07.  Оваа прилика исто така ја користам да ги поканам сите школи, клубови и академии за кошарка во Македонија доколку се заинтересирани да се пријават за учество на кампот и да ја заокружат оваа сезона на најдобар можен начин, а воедно и да се припремат за следната сезона - додава Јовановски.

Промотери на овој камп се Рик Махорн, НБА шампион со Детроит Пистонс, Рашко Катиќ(Сарагоса), Јелена Милутиновиќ(Вашингтон Мистикс ВНБА), Данило Анѓушиќ(Билбао Баскет), Дејан Мусли(Мега Лекс), Урош Николиќ(Туров, Полска) и Ѓорѓе Дреновац(Игоека).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk