Бал фор Лајф го пречекува МЗТ Скопје

24.03.2017 16:56 | KumanovoNews

Екипата на Бал фор Лајф во недела го пречекува лидерот на табелата МЗТ Скопје Аеродром.

Бал фор Лајф го пречекува МЗТ Скопје

Натпреварот се игра во рамките на 14.коло со што завршува вториот кург на натпревари во оваа првенство.

Овие два тима се сретнаа во првиот дел каде што МЗТ беше подобар со резултат 62-72.

Од Бал фор Лајф не кријат дека атакуваат на првата позиција на табелата и сигурно ќе дадат максимум за извојвуваат победа во овој натпревар. Тие сеуште се непоразени на домашен терен и сигурно ќе се обидат да ја задржат таа серија.

МЗТ Скопје го загуби првото гостување после зимската пауза, па доколку загуби и на овој натпревар нема веќе да има комотна позиција како во досегашниот дел од првенството.

Во третиот круг сите екипи ќе одиграт меѓусебно, а првите две пласирани на табелата наредната сезона ќе учествуваат во Втората кошаркарска лига.

Натпреварот помеѓу Бал фор Лајф и МЗТ Скопје Аеродром се игра во недела во 14 часот во салата Панко Брашнаров.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk