Бал фор Лајф гостува во Кичево

23.12.2016 13:12 | KumanovoNews

Кошаркарите на Бал фор Лајф го играат последниот натпревар од зимскиот дел од сезоната против екипата на Кичево на гостински терен.

Бал фор Лајф гостува во Кичево

Кумановскиот состав со четири победи и два пораза сеуште се наоѓа на лидерската позиција, па со победа на овој натпревар сигурно ќе презими како првопласирана екипа на табелата.

Победата на Бал фор Лајф не треба да биде доведена до прашање, имајки предвид дека во првиот првенствен натпревар кумановчани ги декласираа кичевчани победувајки ги со 100-49.

Натпреварот ќе се одигра во недела во 13:00 во салата Христо Узунов во Кичево.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk