Бал фор Лајф останува непоразен на домашен терен

13.03.2017 10:42 | KumanovoNews

Кошаркарите на Бал фор Лајф ја забележаа осмата победа во Третата кошаркарска лига. Вчера тие беа подобри од Дино Баскет со резултат 90-55.

Бал фор Лајф останува непоразен на домашен терен

Кумановскиот состав одлично го отвори натпреварот, каде што само во првите десет минути постигна 7 тројки или вкупно 34 поени. Потоа натпреварот имаше мирен ток, каде што Бал фор Лајф ја одржуваше предноста и подоцна го постави конечниот резултат 90-55. Ненад Стојановски беше најефикасен на овој меч со постигнати 19 поени.

Бал фор Лајф следниот натпревар го игра за 2 недели против тимот на МЗТ Скопје на домашен терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk