Бал фор Лајф службено победија против Борец Баскет

27.02.2017 15:40 | KumanovoNews

Кошаркарите на Бал фор Лајф запишаа нова победа во третата кошаркарска лига, одкако вчера победија со службен резултат против екипата на Борец Баскет од Велес.

Бал фор Лајф службено победија против Борец Баскет

Гостите не пристигнаа на овој меч, што автоматски значи победа за Бал фор Лајф со резултат 20-0. Неофицијално за причина се наведуваат финансиски проблеми во клубот, ситуација со која што се почесто се среќаваме во домашиот спорт.

Од клубот преку својот фејсбук профил се заблагодарија на публиката која дојде да им пружи подршка, а немаше прилика да го проследи натпреварот.

Следниот натпрвар Бал фор Лајф го игра на гостински терен против тимот на Марфил Спорт од Прилеп.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk