Балканска група за кошаркарските репрезентативци

31.01.2011 16:20 | KumanovoNews

Вчера во главниот град на Литванија Вилнус, беа извлечени групите за престојното Европско кошаркарско првенство која оваа година од 31.август до 18.септември ќе се одигра во Литванија.

Балканска група за кошаркарските репрезентативци

Македонската кошаркарска репрезентација се најде во групата Ц, заедно со Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Грција. Балканската групата ќе ја комплетира Португалија, Унгарија или Финска која ќе се избори настап во бараж натпреварите кои ќе се одиграат летоска.

Распоред на групите:

  • А група: Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска + репрезентација од баражот
  • Б група: Србија, Франција, Германија, Израел, Италија, Летонија
  • Ц група: Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, + репрезентација од баражот
  • Д група: Словенија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија, Украина
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk