Балотели - прв кандидат за во затвор во 2013 година

25.12.2012 11:34 | KumanovoNews

Британската обложувалница Вилијам Хил објави интересни коефициенти за тоа кој прв од премиерлигашките фудбалери ќе заврши прв во затвор.

Балотели - прв кандидат за во затвор во 2013 година

Марио „Why always me“ Балотели се наоѓа прв на таа листа, па така за една вложена фунта би добиле девет доколку италијанецот прв заврши во затвор по нова година.

Втор фаворит е напаѓачот Енди Керол, познат по физичкиот напад над својата девојка и поранешниот соиграч Стивен Тејлор. За вложена фунта на Керол би добиле десет.

Трет на листата е Џек Вилшер кој во своето досие има прележано во затвор напад над таксист организирање на масовна тепачка низ Лондон и користење на дрога.

Листата ја надополнуваат Карлос Тевес, со коефициент 11, Џон Тери, Антон Фердинанд и Луис Суарез со 13, Маруан Фелаини со 15, Стивен Џерард и Вејн Руни со 17 коефициент.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk