Берлускони го сака Кристијано Роналдо

06.04.2011 08:54 | KumanovoNews

Силвио Берлускони, италијанскиот премиер и претседател на Милан сонувал да го доведе Кристијано Роналдо во својот тим.

Берлускони го сака Кристијано Роналдо

Не е прв пат навивачите на Милан да се надеваат дека нивниот омилен тим ќе биде засилен со врвни фудбалери. Берлускони ќе прави обид за купување на играчот за чие ангажирање Реал на Манчестер Јунајтед летото 2009 година му плати 90 милиони евра отштета.

Италијанскиот премиер и порано јавно да изразувал желба за ангажирање на Португалецот. Истото го најавил и 2009 година по финалето од Лигата на Шампионите во Рим меѓу Јунајтед и Барселона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk