Берое целосно го надигра Куманово

12.04.2017 12:10 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа висок пораз на гостувањето во Стара Загора, каде што тимот на Берое беше поуспешен во првиот финален меч со резултат 84-55.

Берое целосно го надигра Куманово

Кумановчани беа целосно исфрлени од игра, и неможеа да му се спротистават на поквалитетниот состав од Бугарија. Двоцифрената предност за Берое стигна на почетокот на вториот период, а до крајот и предноста од 20 поени.

По паузата од полувреме Куманово се обиде да ја намали разликата за да може шансата да ја бара во вториот меч, меѓутоа немаа идеја како да се спротистават на Берое кое направи максимална предност од 29 поени и го постави конечниот резултат 84-55.

Шејн Гибсон беше најефикасен поединец на натпреварот со 25 поени. Воедно, тој беше и прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната.

За Куманово, Димитар Караџовски постигна 14 поени.

Реванш наптреварот се игра за шест дена во Куманово, а во меѓувреме Куманово игра натпревар од домашното првенство против екипата на Работнички.

Фото: www.balkanleague.net
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk