Бесплатна обука за воздухопловство

22.05.2012 10:21 | KumanovoNews

Во тек се уписи за обука по воздухопловство на која можат да се пријават лица постари од 16 години. Уписите ќе траат наредните два месеци. Потоа ќе следи селекција, лекарски прегледи, тероретско обучување.

Бесплатна обука за воздухопловство

Она што во светот е скапо, ние го правиме бесплатно за да привлечеме луѓе. Аеро клубот “Доне Божинов“ вакви обуки прави на секои две години. Секој кандидат ќе направи по пет скока. Оние кои ќе се докажат потоа можат да бидат пилоти на авиони, едрилици, падобрани. Многу од аматерите потоа станале професионалци - велат од Аеро клуб “Доне Божинов“.

Сите заинтересирани можат секој работен ден од 9 до 15 часот да се пријават на аеродромот Аџитепе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk