БИБЛ: Без македонски судии на Фајнл фор

08.04.2013 08:49 | KumanovoNews

Раководството на ЕВРОХОЛД Балканската кошаркарска лига БИБЛ донесе одлука во врска со судењето на Фајнл фор турнирот оваа година.

БИБЛ: Без македонски судии на Фајнл фор

На натпреварите нема да има судии од земјите кои се учесници на Ф4. Тоа значи дека меѓу нив нема да има Бугари, Македонци и Израелци. Имињата на судиите кои ќе делат правда на полуфиналните мечеви и финалето ќе бидат објавени на 15-ти април.

На секој натпревар од завршниот турнир ќе има двајца комесари и еден инструктор каде што можат Бугарија, Македонија и Израел да имаат свои претставници. Нивните имиња ќе бидат објавени наредните денови. Ф4 ќе се одржи во периодот од 19-ти и 21-ви април во Самоков (Бугарија).

Да потсетиме, македонскиот претставник Куманово 2009 ќе игра против израелскиот состав на Галил Гилбоа, а во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат помеѓу себе бугарските екипи, Левски и Рилски Спортист (домаќин).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk