БИБЛ: Куманово го пречекува Берое, последен дуел од првиот дел во регионалното натпреварување

03.02.2021 13:22 | KumanovoNews

 Денеска со почеток од 17:00 часот, во салата „Перо Наков“, КК Куманово го пречекува бугарски Берое, натпревар од третата рунда.

БИБЛ: Куманово го пречекува Берое, последен дуел од првиот дел во регионалното натпреварување

Поради проблеми со корона вирус, тој првично се одложи, а подоцна беше одлучено ќе се одигра како дел од последната десетта рунда.

Двата тимови имаат идентичен успех од 5 победи и 4 порази и обезбедена следна фаза од натпреварувањето, па овој дуел нема да има резултатско значење.

На денешната средба, за очекување е поголем простор да добијат младите играчи и резервистите кои не беа многу користени во изминатите средби. Нема да биде изненадување доколку гостите пристигнат и со втор состав и им дадат одмор на првотимците кои се заслужни за ваквата ситуација.

Пласман во втората фаза обезбедија: Куманово, ТФТ Скопје, Берое, Академик, Хапоел Холон иХапоел Гилбоа.По оваа средба, планирано е да се формираат две групи со по 3 екипи, каде нема да може да се сретнат клубови од иста држава.

Се е јасно, ќе имаме по една македонска, една бугарска и еднаизраелска екипа, кои ќе се борат за завршниот Ф4 турнир и титулата во БИБЛ лигата, во вкупно 6рунди. Таму ќе играат првите две екипи од двете групи, по два натпревари. Оваа сезона треба дазаврши до 15-ти март.

Куманово можеби уште оваа недела ќе им се врати и на обврските во националното првенство, каде го очекуваат дури 13 натпревари до крајот на регуларниот дел.

(Д.Давитковски)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk