БИБЛ претставниците во меѓусебен дуел

02.11.2012 11:15 | KumanovoNews

Претставниците на БИБЛ Лигата овој викенд се среќаваат во првенствен меч. Куманово ќе биде домаќин на екипата на Кожув од Гевгелија.

БИБЛ претставниците во меѓусебен дуел

Несомнено дека најинтересниот натпревар оваа коло ќе биде одигран во Куманово. Куманово секогаш е фаворит кога игра на домашен терен, но тимот на Кожув влегува доаѓа непоразен. Во првото коло од првенството беа поуспешни од Работнички, а во вторник успејаа да го победат грчкиот Кавала, па така тимот на Србиновски најавува борба за највисока позиција. Куманово имаше лошо издание против „младинскиот“ тим на Вардар, а во среда се убедливо поразени од шампионот на БИБЛ натпреварувањето, израелскиот Галил Гилбоа.

Поради телевизискиот пренос, натпреварот се игра во недела од 18 часот, во Спортската сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk