Билбао и Локомотив финалисти во Еврокупот

28.03.2013 09:11 | KumanovoNews

Екипите на Билбао и Локомотив Кубан ќе играат во финалниот меч во кошаркарскиот Еврокуп. Билбао и во вториот меч го победи украинскиот преставник Будивељник од Киев.

Билбао и Локомотив финалисти во Еврокупот

Откако на првиот натпревар шпанскиот тим победи со 10 поени разлика, во реваншот во Билбао забележа триумф со 75:73. Мумбру и Хамилтон со по 13 поени беа најефикасните кошаркари на Билбао, во поразениот тим се истакна Лајонс со 20 поени.

Локомотив Кубан, во вторникот загуби од Валенсија со 63:68, но благодарение на победата од 10 поени на првиот меч се пласира во финалето.

Финалниот натпревар по кој ќе биде познат освојувачот на трофејот ќе се одигра во белгискиот град Шарлроа на 13.април.

Победникот во Еврокупот следната сезона ќе игра во Евролигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk