БК Куманово по нов успех

18.11.2011 11:53 | KumanovoNews

Утре во Штип ќе се одржи третото коло од боксерската лига на Македонија. Настап ќе заземат 13 клуба од целата држава, меѓу кои и Куманово.

БК Куманово по нов успех

Минатото коло, Куманово забележа 4 убедливи победи од исто толку боксери. Овој викенд во Штип патуваат 6 боксери и се надеваат дека ќе се вратат без пораз во Куманово.

Утре ќе настапат, Џемаил Сакиповски (56кг), Ибраим Мустафи (60кг), Николче Митевски (64 кг), Ферди Алија (69кг), Атхе Мисини (91кг) и Мемет Кадриу (+91кг).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk