Богата ноќ во НБА лигата

21.02.2013 10:18 | KumanovoNews

Единаесет натпревари се одиграа утрово во НБА лигата од кои ги ја издвојуваме победата на Лос Анџелес Лејкерс над Бостон од 113-99 посветена на починатиот сопственик на клубот Џери Бас.

Богата ноќ во НБА лигата

Двајт Хауард со дабл-дабл учинок од 24 поени и 12 скока ги предводеше домаќините до триумфот, Коби Брајант забележа 16 поени, Џејмисон 15, Неш и Кларк по 14 поени.  

Кај Бостон најрасположен беше пол Пирс со 26 поени, Кортни Ли зад своето име запиша 20 поени. Во хјустон, Рокетс ја пречекаа Оклахома на натпревар на кој Џејмс Харден ги натера да сопствениците на Тандер да се подзамислат дали неговиот трејд во хустон беше правилниот чекор.

Домаќините се радуваа со 122:119, на средба на која Харден забележа 46 поени.

На спротивната страна тимот Кевин Дурант запиша трипл-дабл учинок од 16 поени 12 скока и 11 асистенции.

Преглед и на резултатите од останатите средби:

Торонто - Мемфис 82:88,

Шарлот - Детроит 99:105,

Индијана - Њујорк 125:91,

Кливленд - Њу Орлеанс 105:100,

Атланта - Мајами 90:103,

Милвоки - Бруклин 94:97,

Минесота - Филаделфија 94:87,

Далас - Орландо 111:96,

Голден Стејт - Феникс 108:98. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk