Боксерите лошо ја стартуваа сезоната

04.06.2012 08:14 | KumanovoNews

 Во сабота во Куманово беше одржано првото коло од боксерската лига на Македонија, на кое боксерскиот Клуб Фајтер-Илери од Куманово учествуваше со 5 боксери, но имаа лош ден.

Боксерите лошо ја стартуваа сезоната

На натпреварувањето остварија две победи и три пораза.

Џемаил Сакиповски (56 кг кадет) го победи Реџеп Јашаров од Баргала Штип со 5-0, додека Никола Димитриевски (64 кг јуниор) бeше победник без борба.  

Сашo Ванчевски (75 кг сениор) беше повлечен од официјалното мерење, а Роберт Мустафи (60 кг сениор) боксираше против Мендо Џеладини од БК Тернипе Скопје и при водство од 2-0 ја предаде борбата поради немање енергија.

Николче Митевски (64 кг сениор) дебитираше во сениорска конкуренција против Мухамед Кадриу од БК Баргала Штип, но иако ја доби првата рунда, немаше сила и свежина да продолжи со истото темпо, поради што го загуби мечот со 3-0.  Тој последната недела мораше да ослабне 6 кг за да дојде во категорија и тоа му се одрази во боксувањето.

Слединот настап на БК Фајтер-Илери од Куманово е на 09 јуни во Штип.

Тренерот на БК Фајтер-Илери Куманово Ергин Салиевски доби пехар за најдобар тренер во лигата на Македонија, иако тоа боксерите не го потврдија во првото коло.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk