Боксерот Фуркан Јашаровски ќе учествува на европско првенство во Сараево

26.07.2021 06:04 | Стефан Николиќ

Фуркан Јашаровски (13), член на Боксерскиот клуб Куманово, како дел од македонската репрезентација ќе учествува на Европско кадетско првенство во Сараево, БиХ. Првенството ќе трае од 10 до 18 август, а ќе настапат најдобрите боксери од повеќе европски држави.

Боксерот Фуркан Јашаровски ќе учествува на европско првенство во Сараево

„Полека се враќа боксот во Куманово, се трудиме и доста работиме, но не радува тоа што веќе се видливи првите резултати. Фуркан е талентирано дете и пред него е блескава кариера. Бидејќи ова е прв негов настап на големо меѓународно натпреварување, не се надеваме на медал, но можни се изненадувања, доволно е што ќе ги одмери силите со другите натпреварувачи и ќе биде дел од еден голем спортски настан“, вели тренерот Самет Салиевски, кој потсети дека Јашаровски е прогласен за боксер со најдобра техника на неодамнешниот турнир „Миодраг Петровиќ“ во Куманово.

Тој се надева дека Фуркан и другите млади боксери ќе одат по стапките на големите боксерски имиња во градот и ќе донесат многу медали.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk