Болт оствари слаб резултат во Џорџтаун

10.05.2013 09:07 | KumanovoNews

Светскиот рекордер Усаин Болт имаше фрустрирачки старт на сезоната во спринт на 100 метри. Најбрзиот човек во светот успеа да оствари победа на атлетскиот турнир во Џорџтаун.

Болт оствари слаб резултат во Џорџтаун

Шесткратниот олимписки шампион сепак победи со време 10.09 секунди, но остана на цели 51 стотинки од врвното достигнување на светското првенство во Берлин во 2009 година.

Тоа едноставно беше еден лош спринт. Секогаш сум разочаран кога не успеам да се симнам под 10 секунди. Работите не беа нормални. Ќе седнеме со мојот тренер и ќе анализираме што точно се случи-коментираше "молњата" од Јамајка.

Втор со истото време заврши Кемар Бејли-Кол исто така од Јамајка, а трети се нареди Даниел Бејли од Антигва и Барбуда со 10.23 секунди. На 100 метри кај жените победи Кармелита Џетер (САД) со 10.95 секунди.

Таа стана првата жена која го поминува растојанието за време под 11 секунди во оваа сезона, со што ја предводи светската листа за годината. Втора остана друга Американка Барбара Пјер со 11.02 секунди, а трета заврши Керол Стјуарт од Јамајка за 11.10 секунди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk