Бранислав Љубомир - Пижон - член на македонскиот Клуб 100

19.01.2013 12:39 | KumanovoNews

Капитенот на македонската футсал репрезентација, кумановецот Бранислав Љубомир-Пижон, вчера во Неготино на пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Ерменија го имаше својот 100-ти настап во репрезентативниот дрес.

Бранислав Љубомир - Пижон - член на македонскиот Клуб 100

Со тоа тој и официјално  стана член на популарно наречениот „Клуб 100“ и му се приклучи на досегашниот единствен член, екс капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седловски. Нашиот сограѓанин во стотте настапи за футсал репрезентацијата на Македонија има постигнато повеќе од пеесет голови а со јубилејниот настап во Неготино воедно стана и еден од најуспешните спортисти на сите времиња во својот роден град, Куманово.

Т.Д.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk